КАТАР ЌЕ ГИ СМЕСТУВА НАВИВАЧИТЕ НА СП НА – ЏИНОВСКИ КРУЗЕРИ!
Домаќинот на следното Светско првенство во фудбал, Катар изнајмил два џиновски крузери, кои за време на фудбалскиот фестивал во 2022 година ќе бидат закотвени на пристаништето во Доха и таму ќе бидат сместени фудбалските навивачи.
Станува збор за два брода кои имаат капацитет од 4.000 кабини, во кои ќе се сместуваат навивачите, а бродовите се изнајмени од една компанија во Женева и наскоро домаќинот ќе треба да објави како ќе се сместуваат љубителите на фудбалот на крузерите.
Засега не е познато како ќе може да се резервира соба на бродот, а најавено е дека во брзо време ќе биде пуштена интернет-страница каде сите заинтересирани ќе може да се информираат и да направат резервација.
Само останува дилемата кој сè ќе може да резервира, најмногу од пичина да не се судрат навивачи од земји со „големо хулиганско искуство“, па проблемите допрва да бидат поголеми.
Извор: Спорт1