|

КБК FIGHT TEAM СКОПЈЕ СО 8 МЕДАЛИ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ПО КИК БОКС

Кик бокс клуб “Фајт Тим“ Скопје и оваа година продолжува со своите спортски настапи и достигнувања. Во оваа година ова е прво Државно првенство по кик бокс што се одржа на 17.02.2019 г. во Спортската сала Работнички во Скопје. KБК “Фајт Тим“ Скопје со своите спортисти натпреварувачи и покрај големата конкуренција настапија со осум натпреварувачи кој успеаа да се изборарат и освојат високи спортски резултати кои се од големо значење за кик боксот како спортска
дисциплина во нашата држава.

  1. Борјан Трајков во дисциплината Кик лајт кадети го освои првото место и се
    здоби со златен медал.
  2. Александар Глушкин во дисциплината Кик лајт сениори го освои првото место и
    се здоби со златен медал.
  3. Јована Зенковска во дисциплината Кик лајт женски кадети го освои второто
    место и се здоби со сребрен медал.
  4. Викторија Ивановска во дисциплината Кик лајт женски јуниори го освои второто
    место и се здоби со сребрен медал.
  5. Дарко Пејковски во дисциплината Кик лајт јуниори го освои третото место и се
    здоби со бронзен медал.
  6. Ања Пандилов во дисциплината Кик лајт помлади кадети го освои третото
    место и се здоби со бронзен медал.
  7. Виктор Цветковиќ во дисциплината Кик лајт јуниори го освои третото место и се
    здоби со бронзен медал.
  8. Елена Дамјановска во дисциплината Кик лајт кадети го освои третото место и се
    здоби со бронзен медал.
    Покрај постигнатите успеси Кик бокс клуб “Фајт Тим“ Скопје 2018 год. ја заврши со
    успешните настапи на нашите членови спортисти и тоа: Борјан Трајков од Скопје и
    Александар Глушкин исто така од Скопје на Интернационалниот куп по Кик бокс
    „Прњавор Опен 2018“ кој се одржа во БиХ на 01.12.2018 г. со над 500 пријавени
    учесници, нашите натпреварувачи се закитија со по две победи со кој освоија златен
    медал и доделен им беше Пехар за најдобри борци во нивната дисциплина.
    Меѓународниот турнир „Балкан бест фајтер 2018“ кој се одржа во Ниш од
    14-16 .12.2018 г. на овој турнир беа пријавени над 700 натпреварувачи од кои повторно нашите членови спортисти: Александар Глушкин во дисциплината Кик лајт го освои првото место и се здоби со златен медал.
    Борјан Трајков во дисциплината Кик лајт го освои третото место и се здоби со бронзен медал.

Слични Објави