КИНА: ПОВЕЌЕТО ДЕЛОВИ ОД РАКЕТАТА ЌЕ ИЗГОРАТ ВО АТМОСФЕРАТА

/

Повеќето делови од кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата ќе изгорат кога ќе влезе во атмосферата, но екстремно малку е веројатно дека ќе предизвика штета, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесе „Ројтерс“.

Делови од ракетата „Лонг марч 5Б“, која минатата недела го лансираше првиот кинески модул за планираната вселенска станица „Тијанхе“, најверојатно ќе паднат во меѓународните води, објави кинескиот „Глобал тајмс“, поради загриженост дека деловите може да предизвикаат штета при влегување во атмосферата.



Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА ОД РИМ: ГИ ДЕЛИМЕ ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, СЕ АДАПТИРАМЕ НА ПРОМЕНИТЕ, ЈА ШТИТИМЕ КОЛЕКТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Следна статија

СПАСОВСКИ: ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ПРЕТСТАВУВА СИМБОЛ НА ПОЖРТВУВАНОСТА- НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА И ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ГО ПРЕКРШАТ ЗАКОНОТ, БЕЗ ИСКЛУЧОК!

Најново од Вести