КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ САКАЛЕ ДА ЈА ЦЕНЗУРИРААТ СМРТТА НА ЛЕКАРОТ КОЈ ПРЕДУПРЕДИЛ ЗА КОРОНАВИРУСОТ?

/

Во интервју за државните медиуми кон крајот на декември, медицински експерти се обидоа да ја известат јавноста за појавата на коронавирусот кој моментно беснее низ Кина. Еден од докторите кои предупредуваа беше и Ли Венлијанг, офталмолог кој почина по кратко боледување од коронавирус.

Тој беше доктор во една од главните болници во Вухан, а на почетокот бил задржан и во притвор поради наводно ширење на лажни гласини за смртоносен вирус.

Венлијанг во приватна онлајн група, за разговор меѓу доктори, предупредил за ширењето на вирус сличен на САРС.

„Само сакав да ги предупредам колегите од својот универзитет да бидат внимателни“, изјави Венлијанг за Си-ен-ен.

Ова го кажа од неговиот болнички кревет откако и самиот се разболе. Неговата состојба се влошила брзо и во меѓувреме починал, станувајќи една од стотиците жртви на епидемијата која од кинескиот Вухан се прошири низ целиот свет.

Реакцијата на кинеските социјални мрежи за смртта на Венлијанг беше бурна, а ситуацијата очигледно предизвикала целосна забуна во кинеската машинерија за цензура, пренесува Би-би-си.

Темите поврзани со цензура се строго забранети во Кина, а по смртта на Венлијанг завршија на насловната страница на социјалната мрежа „Веибо“. Тие беа избришани само по неколку часа, што е редок доказ за неодлучноста на кинескиот интранет.

Како што пренесуваат западните медиуми на „Веибо“ се појавиле две водечки теми – „Владата на Вухан му должи извинување на доктор Ли“ и „Сакам слобода на говорот“. На нив коментирале десетици илјади корисници пред да бидат избришани.

Хаштагот „Сакам слобода на говорот“ привлекол скоро два милиона луѓе, но исто така бил избришан во меѓувреме.

Гневот поради смртта на лекарот се влошила поради очигледниот и неспретен обид да се контролира наративот во врска со случајот, пренесува „Индекс“ повикувајќи се на Си-ен-ен.



Веста за смртта на докторот најпрво ја објавија кинеските државни медиуми од каде се прошири низ целиот свет.

Болницата подоцна извести дека Ли Венлијанг бил во критична состојба, но не и мртов.

„Глобал тајмс“ беше меѓу првите поголеми кинески медиуми што објави дека лекарот починал. Тие информацијата ја пренеле повикувајќи се на пријатели на лекарот и доктори од болницата. По неколку часа, ја избришаа својата првична објава.

И покрај тоа што прогласувањето на докторот за мртов и потоа повлекувањето на оваа информација, можеби е ненамерна грешка (кинеските медиуми не би биле првите што погрешно пријавуваат нечија смрт), сепак уверлива е и можноста за потенцијална цензура, што беше доволна причина за гнев кај корисниците на интернет.

„Лекарот мораше да умре двапати. Тоа е национален срам“, напишал еден корисник на „Вичет“, популарна социјална мрежа во Кина.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ФОТО: ПОТВРДЕНО Е ПРИСУСТВОТО НА ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ НА БРОД СО ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ЛЕБРОН ЏЕЈМС САКА ЕКС-ЈУ КОШАРКА: ГИ ОДБРА ДОНЧИЌ И ЈОКИЌ ВО СВОЈОТ ТИМ

Најново од Вести