|

КИПАР ПОЧНУВА МАСОВНА КАМПАЊА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО- ТЕСТОВИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ

Национална кампања за скрининг на коронавирус започна во Кипар, јавуваат локалните медиуми.

Планирано е да се направат 20.000 тестови и да се подготви национална епидемиолошка студија со случаен примерок од 800 лица.

Досега во Кипар се потврдени 595 случаи на КОВИД-19 заразени на островот.

Масовното тестирање ќе ги опфати вработените и во јавниот и во приватниот сектор, при што приоритет им се дава на луѓето кои опслужуваат голем дел од населението.

Тука влегуваат општински службеници, полиција, вработените во супермаркети, банки, бензински пумпи и сл. Тие се изложени на голем ризик заради нивниот секојдневен контакт со граѓаните. Тестовите ќе бидат направени во рок од 20 дена од страна на приватни лаборатории, а ќе бидат платени од Министерството за здравство.



Слични Објави