ЌЕ БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ 8,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ВАКЦИНАЦИИ ВО НАЈСИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ НА СВЕТОТ
Лидерите на најразвиените земји во светот и „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот, пренесуваат француските медиуми.
Посочените 8,8 милијарди американски долари беа ветени на виртуелниот самит на „Вакцина Алијанса“ (Vaccine Alliance), на која присуствуваа повеќе од 50 земји, претставени со повеќе од 35 шефови на држави и влади, и сумата е далеку над очекуваните 7,4 милијарди американски долари што треба да се обезбедат во следните пет години.
Средствата ќе бидат искористени за продолжување на меѓународната кампања за вакцинирање против сипаници, детска парализа и тифусна треска, што сега е сериозно нарушена од епидемијата на Ковид- 19.
На состанокот требаше да се упатат и повици за финансирање на купување и производство на можната идна вакцина за Ковид-19 и поддршка на нејзината дистрибуција низ земјите во развој.