Коалицијата „Менуваме“ кај Претседателот – бараат отворање на дневни центри и центри за рехабилитација

/

Активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „МЕНУВАМЕ“ беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски во Вила водно за да му ги пренесат проблемите со кои се соочуваат.

Тие бараат да се зголеми износот којшто го добиваат како додаток на попреченост и како посебен детски додаток и да се отворат повеќе дневни центри и центри за рехабилитација.

Претседателот на здружението, Суарет Алишен, ги повика институциите да ги вклучуваат лицата со посебни потреби во општите економски, културни и социјални активности. Од Вила Водно преку соопштенија велат дека Претседателот на претставниците на коалицијата „Менуваме“ им рекол дека е неприфатливо  и натаму да бидат маргинализирани и обесправени.



Во оваа насока, претседателот Пендаровски нагласил дека, согласно со надлежностите, во континуитет ќе се залага да се подобри положбата на лицата со попреченост и нивните семејства.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

2 жртви и 8 хоспитализирани во последните 24 часа – тројно зголемен бројот на заинтересирани за вакцинација во Тетово

Следна статија

Во Беровско се уште активен пожарот кај месноста Грбавец помеѓу селата Митрашинци и Будинарци

Најново од Вести