КОГА АКТЕРИТЕ ЌЕ ПИВНАТ

//

Работата на актерот, во зависност од умешноста и талентот што го поседува, се состои во тоа да го убеди гледачот дека пред себе на филмското платно не гледа човек кој си ја врши работата туку крвожеден манијак, скршена жена или весело палаво детенце. Кога гледаме филм, понекогаш забораваме дека она што се случува на екранот не е само една обична игра.  Но, познавајќи ги актерите, а и луѓето општо, воопшто не е неразумно да се претпостави дека актерот што во моментот пред нас глуми пијан човек, не „дрмнал по една“ само неколку моменти пред да ја сними сцената. Напротив, историјата на кинематографијата изобилува со факти кои упатуваат на тоа дека многу познати филмски сцени биле „подмачкани“ со по некоја чашка алкохол.

 

Волкот од Волстрит“. Марго Робинс е австралиска актерка која навистина знае да воодушеви. Малку е познато дека љубовната сцена со Леонардо ДиКаприо во „Волкот од Волстрит“ немаше да биде толку упешна ако пред снимањето таа не се опушти со неколку чашки текила. Оригиналното сценарио ѝ наложувало таа да стане и да си замине по водењето љубов со познатиот актер, но, кога се вмешала текилата таа импровизира, го удира и му се истура со псцости. Леонардо, Леонардо, ни актерка не може да одглуми со тебе.

Бегство од Лас Вегас“. Николас Кејџ го глуми Бена Сандерсон, ноторен пијаница и човек чие самодеструктивно поведение на крајот повлекува катастрофални последици. Веродостојни извори тврдат дека во овој филм кој на Кејџ му донесе највисоки оценки од критичарите како сериозен актер, тој во пијана состојба пред камера ги играл дијалозите за да потоа самиот да го прочисти и надгради својот лик.

Диви нешта“ е еротски трилер сниман уште 1998 година и се смета за пионер во овој жанр. Сите оние што го гледале секако се сеќаваат на дивата секс сцена помеѓу актерите Нев Кемпбел и Дениз Ричардс. Актерката, ако тоа не стои во сценариото, на сцената пред камера пивнува малку шампањ. Очевидци на сетот тврдат дека таа го влечкала шишето со себе уште на пробите, за да ѝ даде малку храброст.



Црниот лебед“. Чашките текила повторно се во игра пред снимање на љубовни сцени: режисерот на филмот Дарен Аронофски тврди дека ѕвездите во филмот, Мила Кунис и Натали Портман морале да се пресрамат пред снимањето на љубовната сцена токму со помош на текила. Интересен е фактот дека Мила Кунис потоа го побива режисерот одредувајќи дека воопшто никогаш и не пие.

Апокалипса сега“. Сигурно се сеќавате на првата сцена од познатиот филм на Францис Форд Копола за настаните што им се случуваат на чета американски војници во Виетнам. мартин Шин го толкува главниот лик, човек кој живее во мрачен хотел во Сајгон, постојано следен од трауматични сеќавања од војната и единствена утеха наоѓа во шишето. Шин тврди дека сцената е снимана на денот на неговиот роденден и дека очигледно е дека е мортус. Токму ова пијанство е причина зошто Шин толку страсно му удира клоца на својот одраз во огледалото и вистински се повредува на снимањето.

Ајкула“. Актерот Роберт Шо тврди дека пред снимањето на легендарниот пијан разговор на чамецот, сцена во која рибарот Квинт се сеќава на  трагедијата со носачот на авиони, го премолувал режисерот Стивен Спилберг да им дозволи да пивнат малку „брља“ за да ги доловат ликовите.

Претходна статија

ВНИМАНИЕ: НА ФЕЈСБУК ПРОДАВААТ ФАЛЦ КОЗМЕТИКА

Следна статија

ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ ВО ПРИЛЕП

Најново од Култура