|

„Кока-Кола“ по наводните труења со газирани пијалаци: Нема неправилности, направена е анализа на водата

Компанијата „Кока-Кола“ го објави најновото соопштение во врска со случаите на наводно труење низ цела Хрватска.

Од компанијата нагласуваат дека нивните анализи не покажале никакви неправилности, туку дека од пазарот повлекуваат шишиња „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330ml“ од одредена серија.

„По анализата на „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml“, серијата со рок на траење од 31 април 2024 година, Државниот инспекторат на Република Хрватска потврди дека серијата е безбедна за консумирање. Нашите интерни анализи продолжуваат да не покажуваат неправилности во производството на ниту еден од нашите производи. Во врска со едно шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330ml“ поврзано со случајот, во тек е форензичката анализа.

Шишињата од горенаведената серија се повлекуваат од пазарот во интерес на јавното здравје. Продолжуваме да даваме целосна поддршка на надлежните институции во преземањето чекори за заштита на јавното здравје. На сите настрадани сограѓани им посакуваме брзо и целосно закрепнување“, се вели во соопштението.

За потсетување, околу 34 лица досега се пријавиле во болниците низ Хрватска поради сомневање за труење по конзумирање на споменатата вода.

Првиот случај е откриен пред неколку дена во Риека, каде маж се здобил со хемиски повреди на хранопроводникот.

Во тек се анализи на боци со вода, а првичните резултати покажаа дека не се констатирани неправилности.

Слични Објави