КОЛЕВ СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ: ШТО И ДА ВИ ДАДАТ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗЕМЕТЕ ГО БИДЕЈЌИ ТОА СЕ ВАШИ ПАРИ ШТО УТРЕ ВАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ГИ ВРАЌААТ

„Тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека со мерките на Владата се работи за поткуп на гласачите е класичен пример за потценување на интелегентноста на граѓаните во оваа земја. Испраќам јасна порака до нашите сограѓани, сѐ што можат од овие мерки да искористат, сѐ што ќе им дадат партиите за време на изборите, без разлика дали ќе бидат средства, пенкала, маички да си земат сѐ, бидејќи тоа се нивните пари под формата на даноци и кредити земени од странските банки што утре нивните деца треба да ги враќаат. Зад параванот никој нема да ги види за кого ќе гласаат. Тие со сопствена глава можат да одлучат кого да го поддржат“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ за време на своето гостување во синоќешното издание на емисијата „Само вистина“.