Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со Северна Македонија за тунелот на Коридорот број 8
Парламентарната комисија за надворешна политика во Собранието на Република Бугарија денеска едногласно го ратификуваше Договорот меѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија за подготовка, изградба и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, јавува БГНЕС.
На почетокот на седницата, вицепремиерот и министер за транспорт во оставка Гроздан Караџов детално ја образложи содржината на договорот и истакна дека тунелот и придружната инфраструктура од бугарска страна треба да бидат завршени најдоцна до 2028 година.
Истото се очекува и од страна на Република Северна Македонија, изјави Караџов.
Процесот на изградба на тунелот ќе биде надгледуван од меѓувладин комитет, раководен на ниво на заменици-министри, во кој ќе учествуваат и директорите на патните агенции на двете соседни држави.
БГНЕС потсетува дека проектот за изградба на железнички тунел по оваа линија е клучен елемент на Коридорот број 8, чија цел е да обезбеди транспортна поврзаност меѓу Црното Море и Јадранското Море.
