КОНЦЕРТ НА ГЕРМАНСКИОТ ВИОЛОНЧЕЛИСТ НИКОЛАС АЛШТЕД

В четврток, во Филхармонија ќе настапи германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена.

На програмата е концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг и „Чудесниот Мандарин“ од Барток, едно од највпечатливите дела во светската историја на музиката. Со оркестарот ќе диригира Ален Бурибајев од Казахстан.

Германскиот виолончелист Николас Алштед е еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена. Настапува како солист и диригент, а неговиот репертоар е широк и опфаќа дела од сите музички епохи. Свирел со врвни светски оркестари и соработувал со диригенти како Ека Пека Салонен, сер Невил Маринер, Владимир Ашкенази, Густаво Дудамел. Алштед е исклучителен виолончелист кој има индивидуален и препознатлив начин на изведба, а пред македонската публика ќе се претстави со Концертот за виолончело и оркестар од Вајнберг, антиформалистичко дело кое било затворено во фиоката на композиторот до смртта на Сталин.



Слични Објави