Копнените сили на бугарската армија го слават својот празник 19 ноември, во чест на големата победа врз српската војска кај Сливница

//

Копнените сили на бугарската армија ја одбележуваат 137-годишнината од Српско-бугарската војна и го слават својот борбен празник во знак на сеќавање на славните победи во Сливница, Гургулјат, Мека Црев, Три Уши и Видин – 19 ноември.

Датумот 19 ноември е одреден за празник на копнените сили со одлука на Министерскиот совет бр. 477 од 1992 година и со наредба бр. 3478 на министерот за одбрана од 1992 година.

За време на Српско-бугарската војна (1885 година) на 19 ноември , бугарската пешадија ја води решавачката битка кај Сливница. Ова е првата голема победа на армијата по обновувањето на бугарската држава во 1878 година. Со победата во српско-бугарската војна е заштитено Соединението на Источна Румелија и Кнежеството Бугарија и правото на бугарскиот народ да живее обединет и слободен.



По повод празникот на на некои места во Бугарија беа исчистени и освежени голем број војнички споменици, а исто така се одржуваат спортски турнири и натпревари.



Претходна статија

Спасовски: Наскоро ќе има резултати од истрагата за лажните најави за бомби

Следна статија

ДУИ на седница ќе ја евалуира работата на нивните функционери во извршната власт

Најново од Вести