|

Костадиновска-Стојчевска повика на брзо утврдување на причините за пожарот: „Нема повредени и жртви, салата беше празна“

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска, изјави дека во моментот на избувнувањето на пожарот во Универзалната сала немало никој, и со тоа нема жртви и повредени.

Таа повика на брзо расчистување на причините за пожарот.

„Вознемирена сум од она што го гледам. Информацијата за пожарот ја добив околу 9 часот. Објектот е осигурен и ќе се санира од тие средства и ќе се продолжи со градба“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Како што појасни, додека не се расчистат причините за пожарот, реконструкцијата ќе биде стопирана.

Слични Објави