|

Ковачевски-Агелер: Силно стратешко партнерство на Северна Македонија и САД

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

-На денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, го потврдивме силното стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и САД. Со амбасадорката Агелер разговаравме за реформските процеси на државата, со кои се обезбедува подобар живот за граѓаните.

Амбасадорката Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, на чија поддршка можеме да сметаме, порача Ковачевски.

Слични Објави