Ковачевски на Шмигаљ: РСМ го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

/

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ и му ја изрази поддршката на Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Премиерот Ковачевски порача дека Република Северна Македонија ја осудува одлуката на Руската федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

Во телефонскиот разговор со премиерот на Украина, Ковачевски ја оцени постапката на Русија како директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и како флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски на Шмигаљ му пренесе дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.



Претседателот на Владата Ковачевски за време на разговорот потврди дека Северна Македонија е усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО во однос на санкциите кон Руската Федерација, како одговор на нејзините непринципиелни постапки.

Претходна статија

Нинова до Бугарите од С. Македонија: Ќе се бориме заедно за вашите права

Следна статија

(Видео) Перев: Не треба да се отстапува од бугарската кауза во РСМ

Најново од Вести