| |

Кристијан Дудин на 15 години го фати Богојавленскиот крст во ледените води на езерото Мичиген во САД

Дваесетина Бугари ја зачуваа традицијата и се фрлија во ледените води на езерото Мичиген во САД за да го спасат Богојавленскиот крст, по повод големиот христијански празник Јорданов ден- Водици, кој според Новојулианскиот календар се прослави вчера.

„Крстот беше спасен од Кристијан Дудин на 15 години. Кристијан е роден во Америка, а неговото семејство дошло пред 20 години од Самоков. За да учествува во оваа бугарска традиција се инспирирал од неговиот татко Димитар.“, напиша на социјалната мрежа Facebook генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков.

Станков ѝ се заблагодари на бугарската заедница, за тоа што ги чува бугарските традиции и ги предава на идните генерации, воедно со тоа, тој ги поздрави и сите што вчера го прославија својот имен ден.

Фотографии и видео од настанот, можете да погледнете на следниот линк.



Слични Објави