КРИВИЧНА ПРОТИВ ЛИЛА, ЗАТАИЛА ДАНОК ОД 1,78 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Управата за финансиска полиција поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Лила Стојановска која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила пари во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н., јавува Плус Инфо.
Како што информира Финансиската полиција, расположивите пари како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Целиот нпис прочитајте го овде.