|

Кузеска: ВМРО – ДПМНЕ и Данела за Скопје нудат веќе реализирани проекти на Шилегов

ВМРО – ДПМНЕ и Данела без идеја и став, за Скопје нудат веќе реализирани проекти на Шилегов, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски немаше храброст да понуди кандидат од своите редови ниту за општина Центар, ниту за Град Скопје. Знаат однапред дека се губитници, зошто нивните најголеми досигнувања и истовремено најпогрешни инвестиции беа во проектот „Скопје 2014“ токму во центарот на Скопје“, рече таа.

Скопјани, додаде таа, многу добро знаат дека криминалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ го уништија зеленилото во центарот на Скопје, криминалните урбанистички планови го бетонизираа главниот град, а трагите од криминалното узурпирање на Водно се видливи за секој што има очи да ги види.

„Сега, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им ги замачка очите на Скопјани со понуда од „независна“ кандидатка „За модерно Скопје“, но залудно. Тие до толку се безидејни што преку кандидатката која ја поддржуваат, нудат програма со веќе реализирани проекти. Еве неколку примери – Ветувањето на Данела Арсовска за „продолжување на булевар Борис Трајковски до Драчево“ веќе се реализира Ветувањето за „отпочнување на изградба на булеварот Хрватска“ исто така се реализира – завршена е градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. Ветувањето за „продолжување на булевар Словенија“, за што градот Скопје веќе ги отворил понудите. Во програмата ветен е проект за решавање на сообраќајниот хаос кај „Мавровка“, а веќе се работи студијата за овој проект во Град Скопје“, рече Кузеска.

Таа кажа дека Арсовска ветила и нов објект на Универзална Сала, која, како што рече Кузеска, цело Скопје и државата знаат дека е во фаза на реконструкција

„Ветен е стратешки проект „Смарт Скопје“, а пред неколку дена веќе се промовираше проектот „Скопје Смарт Сити“, во соработка со Македонски Телеком Се ветува „ најголемата централна пешачка зона во поширокиот европски регион“, отако истата е веќе презентирана од градоначалникот Петре Шилегов, со воведување на Бе еР Те. Ветен е стратешки проект „Скопје град на велосипеди“, а Скопје е веќе препознаен како Велоград Ветено е уредување на коридорот долж реките Серава и Лепенец, за што веќе беше презентиран проект од страна на Град Скопје Ветен е нов стратешки проект за нови автобуски линии и посебна лента за јавниот превоз, а град Скопје веќе влегува во имплементација на проектот за „Брз автобуски превоз“ за кој се обезбедени 70 милиони евра“, рече Кузеска.

Извор: Темите



Слични Објави