|

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје, велат од МВР

По направените потребни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека се лажни дојавите за поставени експлозивни направи во девет училишта во Скопје што биле  испратени попладнето на нивните електронски адреси.

-Во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, е наведено во соопштението од Министерството.



Слични Објави