|

Лефков: Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби

„Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби, тие се негови заложници и не смеат да се извинат. Очигледно е дека залудни се апелите на ВМРО-ДПМНЕ до СДС да се оттргнат од Артан Груби и да се извинат за криминалот кој го правел, а тие му го овозможиле. СДС месец дена молчи, и избра да го штити Груби, да молчи за неговите криминали и да не се извини за ништо од тоа што го правел“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби. Со години СДС беа заложници на Груби во власта, за да останат да владеат дозволија да краде, сега се заложници на Груби и од опозиција. Дали до толку е голем стравот на СДС од Груби или зависноста од него се префрла на други полиња не знаеме, но едно е јасно Венко Филипче и СДС решија да го штитат Груби и да не се извинат за него и неговите криминали“, посочува Лефков и додава:

„СДС не може да излезе од деструктивната матрица, заради која ја заглавија државата, ја уништија и испокрадоа. СДС со Венко Филипче останува истото што беше со Зоран Заев и Димитар Ковачевски, ништо не смениле“.

Слични Објави