ЛЕТАЛО НА НАСА ВЕРОЈАТНО ОТКРИ ЅИД НА КРАЈОТ НА СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ
Леталото НАСА „Њухорајзонс” им помогна на научниците да проучат мистериозен феномен на работ на Сончевиот систем, каде што доаѓаат во допир честичките од Сонцето и меѓуѕвездениот простор.
Овој појас се наоѓа околу 100 пати подалеку отколу што е растојанието помеѓу Сонцето и Земјата. Тука ненаелектризираните водородни атоми од меѓуѕвездениот простор се среќаваат со наелектризирани честички од нашето Сонце. наелектризираните честички пак формираат појас којшто се формира околу нашето Сонце и се нарекува хелиосфера.
На местото каде што се среќаваат двата типа честички, познато како хелиопауза, научниците сметаат дека се натрупува водородот од меѓуѕвездениот простор. Ова создава еден вид на „ѕид”, којшто ја распрснува ултравиолетовата светлина.
Пред 30 години, вселенското летало „Војаџер 1 и 2″ од НАСА прво го откри овој ѕид, а сега „Њухорајзонс” само собра доволно докази коишто ја поддржуваат оваа теорија. наодите од истражувањето ќе биде објавен во „Џиофизикл рисрч летрс“.
„Го гледаме прагот меѓу нашиот Сончев систем и галаксијата”, изјави д-р Лесли Јанг од Институтот за истражување во Колорадо, еден од коавторите на истражувањето.
„Њухорајзонс” дојдоа до ова откритие со помош на УВ спетрометар Алис, врз основа на мерењата од 2007 до 2017 година. Пронајден е ултравиолетов сјај, феномен познат како лиман-алфа линија, кој се создава кога соларните честички се судираат со атомите на водород.
Овој ултравиолетов сјај може да се види насекаде низ Сончевиот систем. Но, во хелиопаузата, се чини дека има дополнителен извор предизвикан од ѕидот од водород, и е доста поинтензивен. Од другата страна на ѕидот има повеќе ултравиолетова светлина во споредба со нашата средина, што укажува на тоа дека самиот ѕид делува кко нејзин распрскувач.
„Овој далечен извор може да биде знак за постоење на ѕид од водород, кој се формира таму каде ветровите од меѓуѕвездениот ветер наидуваар на соларните ветрови”, тврдат авторите во својот труд.
Се смета дека ѕидот е на местото на хелиопаузата.
Теоријата сè уште не е конечна. Можно е дека друг извор на ултравиолетова светлина во нашата галаксија би можел да го предизвикува овој сјај. За да дознаеме со сигурност, „Њухорајзонс” продолжува со истражувањето.
Во одреден момент, „Њухорајзонс” ќе го премине ѕидот, доколку постои, па количината на ултравиолетовата светлина што ја детектира ќе се намали. Тоа ќе даде дополнителни докази дека ѕидот е навистина таму.
Војаџер 1 и 2 веќе го поминаа ѕидот, па не можат да направат понатамошни набљудувања. Но, „Њухорајзонс” е само 42 пати подалеку од Сонцето отколку од Земјата, растојание за кое му требаа околу 12 години, и моментално е на пат да ја истражи новата цел наречена Ултима тул која мина крај Плутон во 2015 година.
Ако нашите проценки се точни, тогаш до моментот кога мисијата ќе заврши за околу 10 до 15 години, треба да се надеваме дека „Њухорајзонс” ќе стаса до ѕидот. Тогаш со сигурност ќе можеме да знаеме дали тој постои или не.

