ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ „ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“,
Традиционално, по дванаесетти пат, Детскиот ликовен центар-Скопје и Општина Карпош ја организираат Меѓународната ликовна колонија за деца и младинци „ Св. Пантелејмон“, во с. Горно Нерези. Денеска, во 12:00 часот, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, ќе ги поздрави присутните. Ликовната колонија ќе трае три дена ( 13, 14 и 15 септември), и на неа учество учествуваат уметници од збратимените општини на локалната самоуправа: Општина Врњачка Бања, Србија, Општина Триадица-Софија, Бугарија, Општина Тиват, Црна Гора, како и Општина Травник, Босна и Херцеговина