ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ ГОРДАНА ВИНЧИЌ И ИГОР ЉУБОВЧЕВСКИ-ЉУБАЦ ЌЕ ПРЕТСТАВАТ СВОИ ДЕЛА ВО СОФИЈА

Истакнато Култура

Ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски-Љубац ќе претстават свои дела во Софија, како дел од изложбата „Жени и вино-вино и жени“. Изложбата ќе се оддржи во галеријата „Спектра“ во Софија на 13 февруари 2019 г. со почеток од 18 часот локално време. Културниот настан е организиран од ликовниот уметник и куратор од Бугарија, Огњан Кузманов. Во ликовната експозиција ќе земат учество ликовни уметници од Бугарија, Македонија и Молдавија.

Заедничкото уметничко дело на Гордана и Игор, што ќе биде претставено во Софија

На 29 ноември 2018 г. уметничкиот пар Винчиќ-Љубовчевски настапи на групната изложба „Живот“ во Малме, Шведска. Двајцата беа дел од организацијата на изложбата во која учество земаа 60 уметници од Македонија.