Лора Христова се врати со бронза од Милано-Кортина: „Гордост е да ја претставувам Бугарија“
Бугарската биатлонка Лора Христова се врати по освојувањето на бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, каде што направи големо изненадување со третото место во дисциплината 15 км индивидуално, јавува БГНЕС.
Таа не промаши ниту една мета за време на натпреварот и го донесе третиот олимписки медал за Бугарија во биатлон, по златото на Екатерина Дафовска (Нагано 1998) и бронзата на Ирина Никулчина (Солт Лејк Сити 2002).
„Се чувствувам уште подобро, затоа што конечно можам да уживам во емоциите. Гордост е да ја претставувам Бугарија на Олимписките игри“, изјави Христова.
Таа додаде дека се надева нејзиниот успех да ги мотивира младите: „Се надевам дека повеќе млади спортисти ќе бидат инспирирани да се развиваат“.
На Игрите, таа заврши и седма во потерата, 11-та во спринтот и 14-та во масовниот старт.
