МАЈКАТА НА БЕБЕТО ОД КОЧАНИ ПРИМЕНО НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: НЕМАШЕ ПОСЕБНА ИСХРАНА, А КОГА БАРАВ ВОДА МИ КАЖУВАА ДЕКА ДОНАЦИЈАТА БИЛА ПОТРОШЕНА
Александра Ангелова, мајката на четиримесечното бебе кое беше примено со Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, преку статус на Фејсбук реагира на условите за лечење на клиниката. Таа вели дека бебето не примало посебна исхрана како што тврдело Министерството за здравство, по три дена чекале за да земат брис од бебето, а кога ќе побарала вода, како што тврди, ѝ кажувале дека „донацијата била потрошена“.

