| |

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 116 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА СВОЈОТ НАЈГОЛЕМ СИН

На денешен ден пред 116 години, во селото Баница е убиен Апостолот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев. Делчев е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 г. во семејството на Никола и Султана Делчеви. Неговите помали браќа Димитар, Милан и Христо исто така се припадници на Организацијата.

Гоце Делчев се школувал во Бугарската машка гимназија во Солун и Военото училиште во Софија, од кадешто поради учество во социјалистички кружок бил исклучен. Постојат мислења дека потегот со исклучувањето на Гоце Делчев од Военото училиште е само добро лажирана операција со цел, младиот кукушанец да биде испратен во Македонија и да ја започне својата револуционерна дејност.

Делчев бил егзархиски учител во штипско Ново село, Кочани, Банско. Како ревизор на четите на Организацијата, тој е во непрекинато движење низ Македонија и Одринско.

Гоце Делчев е еден од креаторите на четничкиот институт на Организацијата и во извесен период бил дел од Задграничното претсатавителство на истата во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница,  до 1917 година,  кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.



Слични Објави