„МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ“ СО НАД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГ
„Македонски железници транспорт“ лани заврши со загуба од речиси 8 милиони евра, а претходната година беше во минус од 8,2 милиони евра, јавува Фактор.
Од Фактор коментираат дека е застрашувачки фактот што оваа државна компанија, има акумулирана загуба од 70,7 милиони евра и вкупни обврски кои достигнуваат 90 милиони евра.