МАКЕДОНСКИОТ ОФИЦЕР НЕМА ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА ВИРУСОТ – ДЕТЕКТИРАН Е НИГЕРСКИ СОЈ

/

Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот, пренесува ТВ 21.

– Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји, се наведува во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.



Оттаму информираат дека инфекцијата кај пациентот е во поодомината фаза и оти тој веќе е во фаза на оздравување.

Претходна статија

ГРЦИТЕ НЕ САКААТ ОДВОЈУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ: ВО РЕГИОНОТ СÈ УШТЕ ИМА ПРЕМНОГУ ИСТОРИЈА ШТО НЕ ДРЖИ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА ВО ЕВРОПА

Најново од Вести