|

Македонско МНР: Шокирани сме од злосторствата извршени од руските сили, инвазијата веднаш да запре

Европа, но и светот е шокирана од првите видеа објавени по повлекувањето на руските сили од северниот дел од Киев. Поточно руските сили се повлекоа од градот Буча, а утрово таму влегоа украинските сили. Но, призорот беше страшен, вознемирувачки. Тела на цивили имаше низ улиците, а пронајдени се и гробници. Наводно според извештаите во Буча останале околу 300 цивили, кои не успеале да се евакуираат. Голем дел од нив се убиени.



Слични Објави