| |

Македонското културно-просветно друштво „Гоце Делчев“-Варна со хуманитарен концерт во помош на настраданите од пожарот во Кочани

Македонското културно-просветно друштво „Гоце Делчев“ – Варна организира хуманитарен концерт посветен на настраданите во пожарот во градот Кочани. Ова станува јасно од обjaва на социалната мрежа Facebook на членот на друштвото Антон Апостолов.

Настанот ќе се одржи на 9 април (среда) во 18:00 часот во „Јунашки салон“ – Варна. Влезницата ќе чини 5 лева. Собраните средства ќе бидат донирани за понатамошно лекување на децата кои закрепнуваат.

„Сметаме на вашето присуство! Ве молиме споделете ја оваа информација со вашите блиски и пријателит и ајде заедно да ја изразиме нашата поддршка кон настраданите!“, стои во објавата на Апостолов, споделена и на официјалната страна на МКПД „Гоце Делчев“-Варна.

Слични Објави