Макрон го отфрли барањето за признавање на корзиканскиот јазик

//

На својата прва посета на островот Корзика, кој во минатото беше потресуван од голем број терористички напади извршени од поборниците за независност, францускиот претседател Емануел Макрон вчера порача дека нема да го признае корзиканскиот јазик како официјален јазик.

Макрон отфрли и друго барање на корзиканските националисти за специјален резиденцијален статус за да се спречат шпекулациите со недвижен имот на островот. Сепак, францускиот претседател вети нови инвестиции и рече дека е подготвен за префрлање поголеми овластувања на локалните власти.

На локалните избори во декември, на Корзика победа остварија националистите што сакаат поголем автономија. Вчера пред посетата на Макрон, илјадници корзиканци одржаа марш со кој побараа поголема автономија од Франција.



Макрон им порача на националистичките политичари дека островот е интегрален дел од Француската Република, но понуди симболична отстапка: споменување на островот во францускиот устав.

Извор: Мета

Претходна статија

Северна Кореја побрза да одржи воена парада пред Олимписките игри

Следна статија

„Тешкаш“ ќе ги одглавува преговорите за името ако дојдат во критична фаза?

Најново од Вести