МАНЧЕВСКИ ЗА „ЕКСТРЕМНО ЛОШАТА“ СИТУАЦИЈА ВО МТВ ЈА ОБВИНИ ОПОЗИЦИЈАТА

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од Подгорица порача дека македонскиот јавен сервис е „единствен јавен сервис во свет под притисок на опозицијата“, што е потврдено и од страна на Репортери без граници во нивниот последен извештај.

Манчевски, кој утрово учествуваше на панел посветен на врските помеѓу медиумите и политиката на конференција на Европската Комисија изјави дека ситуацијата во МРТ e „екстремно лоша“ и дека „единствено објаснување за тоа е опозицијата“.

Тој истакна дека државата издвојува милионски суми за јавниот сервис за неквалитетен производ и упати прашање до јавноста да се одлучи дали сака силен или слаб јавен сервис.