ТРИЧКОВСКИ НЕ ЗАСТАНУВА ГИ НАРЕЧЕ ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЧИПИРАНИ ИДИОТИ И СУВОЗЕМНИ РИБИ

„Јас не го измислив изразот “чипирани идиоти” за да се задевам со вмороните. Или построго да ги заебавам. Чипирани идиоти не се хаштаг на моите потценувачки пораки за нив и за нивната организација. Не, другари, тоа беше обид да се дефинира новата стварност и новите суштества во таа стварност, првиот нов производ на еволуцијата со која во Македонија се јави живот кој е за сто скали поназад од нејзиното последно остварување во ликот на македонскиот хомо сапиенс. За новиот вид на риби кои трабуњаат под вода и излегуваат на копно да вршат голема нужда. За ненормалната ненормалност, која за да не ги плаши луѓето, се облекува во темата за политичките разлики. Чипирани идиоти беше, а и денеска е, израз кој ја отфрла таа наметка како подметнување и ја открива суштината на новиот вид.

Моите становишта за Македонија и станивиштата на сувоземните риби кои на перките си имаат истетовирано кутлешки сонциња, не се разликуваат политички туку еволуциски, тие разлики се поголеми отколку меѓу оние што постојат меѓу мене и Мајло. Молам ова да не се разбере како некакво метафорирање, туку како најбуквална дистинкција.

Што има политичко во тоа кога сувоземната риба ќе ја залепи устата на стаклото на телевизискиот екран зад кој плива како во свој аквариум и со меури ќе испише: кога ние рибите ќе дојдеме на власт ќе им ја направиме црна иднината на обвинителките и на обинителите!?

Или дека ќе наебат сите што биле за промена на името. Демек, кога на некоја грдобија ќе и се присере, и кога ќе излезе од водата за да се олесни под првата грмушка, ќе му скокне на Герота кој тука обично фаќа риби. А Мицко е премиер. Или кога од контејнерот со кој биле однесени во Брисел, ќе скокаат на масата на европратениците за да какаат, па ќе почнат да викаат “Македонија е катастрофа, Заев е диктатор пљачкосувач, немој да сте ни дале датум за преговори, ќе испоцркаме!”
Тоа не се политички разлики.
Прашав во судска медицина, дали, можеби, при обдукцијата на некој чипиран идиот, имаат забележамо нешто необично, нешто со што коже да се објасни нивната ненормалност.
“Да, Тричко, сите имаат импланти зад десните увца. Пративме две парчиња на анализа во Визбаден, но Германците ни јавија дека најточни резултати можат да дибијат ако им испратиме еден или два живи идиота, е сега ти најточно можеш да кажеш кои, оти ние додека не ги расечеме не можеме да кажеме ништо, би била голема брука да им пратиме нормален Македонец.

-Хер Флик, Жмицко, онаа Лигња, Кара Ками Шева, Илчо, Трајко, Билјана, Сузана, Катица, не Јанева, нормално, Ќулафкова, Пандофкова, Миленко, незгодно име за младог градског фрајера…
Еве, тука, јавно ги повикувам наведените да се јават во Визбаден на сметка на ќелијата “Корзо”. Тоа ќе биде ммогу важно за Македонија, но ќе биде добро и за нив, ќе ја дознаат вистината за себе, за својата немерлива глупост и примитивост, тоа ќе биде како кога дете по триесет години дознава кој му е родителот.

Овој текст ќе му го пратам на Христијанчота Мицковски затоа што тој е првиот или највисокопоставениот фактор меѓу сувоземните риби кој го употреби овој израз на пресот по лидерската средба, за да се заебава со луѓето. Уште еднаш повторувам: тоа не е заебантска досетка туку многу строга дефиниција“, напиша новинарот Бранко Тричковски.