ЈОВЕСКИ: СТАТУСОТ НА „СПЕЦИЈАЛНИТЕ“ ЌЕ ГО РЕШАВА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Утринава е почнат процес на преземање на предметите и очекувам до крајот на денот овој процес да заврши, јавува Пресингтв.

Од следната недела ќе продолжат техничките детали со содржината на списите, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој појасни дека по преземањето на списите тие ќе бидат оставени кај обвинителот, кој работел по предметот, а кој ќе ги застапува предметите дополнително ќе се утврдува.

Прво што треба да се направи е да се определи кое обвинителство има надлежност за водење на предметите, а приоритет ќе им се даде на оние постапки во кои има неодложни работи.