ДИК ГИ НАМАЛИ ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ

ДИК го стега обрачот околу својата каса. На денешната седница отиде чекор понапред од собраниската одлука со која им беа намалени патните трошоци, јавува Алсат М.

Членовите одлучија да земаат пари за пат само кога ќе има седница. Останатите работни денови ќе добиваат надоместок во висина на автобуска карта.

„Оваа одлука е уште една потврда за начинот на професионалната работа  на оваа Државна изборна комисија, како што претходно кажа дека ние се откажуваме од надометокот на нашите бонуси. Со тоа покажуваме дека сериозно се грижиме за буџетот на граѓаните и така мислам дека по продолжиме во иднина“, рече Елизабета Постоловска, член на ДИК.