|

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство изнесувајќи се’ до најморничави детали.

Манев рече дека со Боре Видевски, Љупчо Палевски и Влатко Кешишев се познавале од порано, а таткото на Вања,  Александар Ѓорчевски, никогаш не го видел.

Како што од претходно беше познато, Манев се познавал со убиениот Панче Жежовски и му работел во куќата, по што му останал должен 1.500 евра за бекатон плочките. Парите не ги добил.

Манев рече дека заедно со Влатко Кешишев ја копале скривницата, кадешто, според првичниот план, требало да ги сместуваат грабнатите. Планот бил да се чуваат и пуштат кога ќе се извршу наплатата. Според тоа, Жежовски првично требало да биде грабнат и спуштен внатре врзан, а потоа да се искористи неговиот автомобил за да се грабне жена на возраст од 38-40 годишна возраст, па да се направи замена.

Жежовски го грабнале на 23 ноември. Раскажа дека го турнале, му ги врзале рацете, а Палчо потоа влегол во куќата и ги зел клучевите од автомобилот. Го ставиле Панче во гепек и го однеле до отворот на дупката.

„Откако се навеснав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш, и му испука куршум во слепочница. Јас останав без зборови, срипав и излегов надвор од шумичката. Бев во ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Го видов и Боре како излегува молчешкум од местото, а Палевски го преврте Панче со се церадата во дупката. Потоа дојде до мене и го прашав зошто ова, не требаше вака. Тој ми рече, вака е почисто, нема што да се секираш. Му реков дека не сакам вака да продолжам, зошто за такво нешто не сум ни помислил. Ми рече, цитирам: ‘Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија’!“, рече Манев.

Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви.



Слични Објави