Маричиќ денес е домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска

/

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска, Томас Бирн и Тити Тупураинен, со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската унија, новиот француски предлог, дијлогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите во регионот.



Во рамките на нивната еднодневна официјална посета на Скопје, ирскиот министер за европски прашања,Томас Бирн, и министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, ќе остварат средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по што делегациите ја продолжуваат својата мини турнеја на Западен Балкан во соседна Албанија.



Претходна статија

СДСМ: Мицкоски рака под рака со Апасиев дејствува против ЕУ

Следна статија

Рама: НАТО ќе прави база во Драч

Најново од Вести