„МАРКА“: ТРАЈКОВСКИ ЗА 16 МИНУТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДРЕС МИНА 5.000 КИЛОМЕТРИ?!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој летово како слободен играч по банкротот на Палермо дојде во шпанска Мајорка и вчера се врати на тренинзите на својот клуб после репрезентативните обврски за Македонија, која со победа и пораз месецов практично ги загуби шансите за директна виза на Евро 2020.

Македонскиот репрезентативно крило не доби премногу минутажа од селекторот Игор Ангеловски, па против Словенија во триумфот со 2-1 остана на клупата за резерви и не влезе во игра, додека во Варшава кај Полска доби шанса во последните 16 минути од мечот на местото на првиот центарфор Илија Несторовски.

И шпанска „Марка“ пресмета дека македонскиот фудбалер за вака ситна минутажа поминал 5.000 километри, патувајќи од Мајорка за Скопје, па од Скопје до Варшава и потоа од полската престолнина назад на Мајорка за повторно да биде во кампот на својот тим. Севкупно, тојцата репрезентативци од шпанскиот клуб, Валјент, Кубо и нашот Трајковски заедно минале 30.440 километри за да одиграат вкупно 106 минути за националните тимови. Најмногу поминал јапонецот Кубо и тоа 22.000 километри за една недела.

Мајорка в сабота од 21 часот го пречекува најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид.

Извор: Спорт1



Слични Објави