|

Матичните лекари утре на протест – ќе работат само со итни случаи

Mатичните лекари во земјава утре ќе протестираат поради, како што велат, „игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување“ и додаваат оти ќе работат единствено со итни случаи.

Револтот кај матичните лекари, кој утре ќе прерасне во протест, како што велат од Здружението на приватни лекари, е поради неколкуте неисполнети барања што ги имаат.

„Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, велат во официјално соопштение од Здружението на приватни лекари во земјава.

Како што велат оттаму, потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал.

„Ако си заминат сестрите од малите места, нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот. За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза“, порачуваат тие во соопштението објаснувајќи ги причините за утрешниот протест.



Слични Објави