| |

Матуранти од Бургас со заедничко дарување крв ја прославија својата матура

Во Бургас се одржа уште едно издание на кампањата „Тоа не си го правел“ – крводарителска акција на болницата во Бургас, Бугарија наменета за матурантите, јавува Актуално. Старт на кампањата дадоа 40-тина ученици од средното стручно машинско и електро училиште во градот кај Црното море. Учениците одлучиле нивната матура да ја прослават со колективно дарување крв.

Дарувањето крв не е дозволено за лица помлади од 18 години, па болницата ги предизвикува матурантите да го започнат својот живот како возрасни со овој благороден гест. Веќе има училишта кои не пропуштаат ниту едно издание на „Тоа не си го правел“ – каде крводарувањето од матуранти е традиција. Крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Појадок и многу течности пред дарување крв се задолжителни. Еден донатор може да го спаси животот на три лица.

Слични Објави