МАЖ ГО ЧЕКАЛ ФИЛИПЧЕ НА СКАЛИ, МИНИСТЕРОТ НЕ БИЛ НАПАДНАТ
Обезбедувањето на Министерството за здравство утрово повикало полиција откако виделе маж како седи на скалите и го чека министерот Венко Филипче.
Кога дошол на работа министерот, лицето се состанало со него пред влезот на Министерството, разговарале и потоа си заминало, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР соопшти дека утрово во 07.15 часот од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерство за здравство. Полициската станица Центар испратила служба која констатирала дека се работи за лицето А. А. (1987). Лицето кај себе немало оружје.