|

МЕХАНЏИСКИ: ДРЖАВАТА НЕ НИ ДОЗВОЛИ ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ НАШИТЕ КОНЕКЦИИ ЗА ДА НАБАВИМЕ ВАКЦИНИ

Државата не дозволи на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да обезбедиме вакцини против Ковид-19, вели сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски.

„Ние имаме многу слаб тим на ниво дури и на Министерство којшто може да формира индекс на предвидување, како ќе се движи. Ние живееме од едно до друго јавување на министерот. Државата не дозволи фирмите кои се бават со лекови да набават лекови. Бидејќи не се набавуваат лекови само директно преку фабриката, има и други веледрогерии има и други конекции. Ние чекаме, а не сакаме да ја игнорираме државната иницијатива, ја поддржуваме. Ние можевме и сега можеме да набавиме вакцини“, вели Благоја Механџиски во дел од интервјуто за емисијата „Трлинг“.



Слични Објави