| |

Мелони: Ако Русија не ја нападнеше Украина, Хамас веројатно немаше да го нападне Израел

„Ако Русија не ја нападнеше Украина, најверојатно Хамас немаше да изврши таков напад против Израел. Ова го изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони за италијанскиот весник „Ил Џорнале“.

„Беше неизбежно вакво сериозно кршење на меѓународното право, од постојана членка на Советот за безбедност на ОН, да има каскадни ефекти врз другите области во светот – од Блискиот Исток до Балканот и Африка“, рече Мелони.

„Ова е играта што ја играме и мора да бидеме свесни. Ако меѓународната законитост не се врати во Украина, огништата на конфликти ќе продолжат да се множат“, тврди таа.

Мелони, исто така, изрази поддршка за решението за две држави, кое според неа е „во интерес на сите, и на Израел и на Палестина“.

Интервјуто е објавено во време кога италијанскиот премиер е во Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина. Во главниот град на Украина, Мелони претседаваше со видео-конференција на Г7 на која Володимир Зеленски апелираше за воена поддршка до лидерите на групата.



Слични Објави