МИЦКОСКИ ДО ВЛАСТА: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ВЕДНАШ- ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!

/

Пописот треба да се одложи. Ова денеска преку Фексбук повторно го побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник.

-Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, напишал Мицкоски.

Тој дава и заклучок во кој наведува дека „најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот“.



-Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!, напиша Мицкоски.

Претходна статија

ВИСТИНАТА ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ ЈА ЗНАЕ САМО ВОЗАЧОТ, ВЕЛИ ГАЗДАТА НА ДУРМО ТУРС

Следна статија

КАЗНА ЗА КОЧАНЧАНЕЦ КОЈ СО ЛАЖЕН ПЦР ТЕСТ САКАЛ ДА СЕ КАЧИ ВО АВИОН

Најново од Вести