| |

МИЦКОСКИ ГО ПРАТИ КАРАКАЧАНОВ ДА ГО ЧИТА „ЏУЏЕТО ОД НЕБРЕГОВО“

„Силно му препорачувам на министерот од Владата на нашиот источен сосед кој вели: „македонскиот јазик е балканско есперанто” да го прочита Блаже Конески и од него има што да научи, а на Заевата есперанто влада во Македонија која воопшто не реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина, да собере храброст и да се бори за националните и стратешките интерес“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Г-нот Мицкоски изгледа во момент на патриотски нагон заборавил дека токму во неговата партија има еден специјалист по ликот и делото на Конески, а имено пратеникот Антонијо Милошоски, кој во минатото го нарекуваше токму внукот на четникот Глигор Соколовиќ „џуџе од Небрегово“.



Слични Објави