|

Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар за надворешни работи, разговараа за повеќе прашања од регионален контекст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните.

Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена.

Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи.

Слични Објави