|

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.

Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Мандатарот во неделата ги предложи досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту пак неговиот албански коалициски партнер ВРЕДИ да стане како ДУИ.



Слични Објави