|

Мицкоски во Неготино: Заев се вози во БМВ од 100.000 евра, а народот го пикаат во болници кои горат за две минути

Зошто велам дека Заев и власта се најлошото? За тоа што тоа што се случува изминативе четири години навистина направија да сите ние се чувствуваме буквално најлошо. Не само овде во Неготино, туку низ цела Македонија и тоа можете да го слушнете буквално од секој еден граѓанин. Ја започнаа оваа кампања за локалните избори со можеби најголемата лага досега што ја смислиле, а тоа е дека биле најдоброто во Македонија и најдоброто во секоја општина во Македонија. Како што впрочем прават сите овие четири години откако се Влада во Македонија“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Неготино.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев единствено се најдобри по лажење и по крадење. Тука на СДСМ им нема рамен.

„За тоа што се најдобри во лажење и во крадење денеска Македонија е најкорумпираната држава во Европа, со најкорумпираните политичари во Европа, и тоа не го велам јас за тоа што сакам на тој начин да им мислам лошо туку тоа го велат реномирани и кредибилни европски институции. Никогаш во овие триесет години не сме имале покорумпирана и покриминална Влада од оваа која што денеска ја има“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта на СДСМ се најдобрите предавници кои што некогаш се родиле овдека во Македонија.

„Се сеќавате на оние ветувања кога велеа дека ќе донеселе живот, ќе обезбедиле најдобри услови за работа на земјоделците, а вчера доаѓам од Ресен и таму некој ден пред, односно во понеделникот Зоран Заев се паркираше со најновото патничко возило од марката БМВ кое што верувале или не чини ни повеќе ни помалку точно 3 милиони килограми квалитетно ресенско јаболко. Точно три милиони килограми. Денеска еден килограм во Ресен се купува по два денари. Не е ни подобра ситуацијата во Тиквешијата, кај лозарите, го видовме нивниот револт, не е ни подобра ситуацијата во Кочани и кочанско кај оризопроизводителите. Буквално насекаде гледаме порази, насекаде гледаме понижувања. Далеку од тоа дека е најдобро, напротив најлошо“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема нарко бос на Балканот кој што нема македонски пасош, и тоа издаден од МВР предводено од Оливер Спасовски, најверниот слуга на Зоран Заев.

„Власта најлошо убедливо се справија со КОВИД во Европа. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе во тешка мака го загубија својот живот во Тетово, а нив мува не ги лази. Еве неколку недели поминаа, а нема ниту еден од нив не успеа достоинствено да се одважи и да понесе одговорност. Да речат да виновни сме, а виновни се. Зошто се виновни? За тоа што пуштија во употреба објект, пуштија во употреба болница која што наместо да лечи, стана пекол за пациентите во нејзе. Виновни се од првиот до последниот. Но, затоа пак за Зоран Заев нема вина таму, вели дека тој што треба прв да одговара денеска Венко Филипче бил најспособниот министер за здравство кој што некогаш го имала Македонија“, истакна Мицкоски.,

Мицкоски додаде дека Заев се вози во БМВ од 100.000 евра, додека народот го пикаат во болници кои горат за две минути.

Извор: Темите

Слични Објави