| |

МИЦКОСКИ ЗА РСЕ: ЌЕ БИДАМ ЛАЖЛИВЕЦ АКО РЕЧАМ ДЕКА НЕМА ДА БИДАМ ПРЕМИЕР НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

„Не можеме да ја игнорираме реалноста, но ќе се бориме да ја промениме“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали ако победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија.

„Јас сум професор на Универзитетот што е дел од образовниот систем на оваа држава. За жал резултат на капитулантскиотдоговор што го направи Зоран Заев и денеска таа е реалноста, и јас практично предавам во образовниот систем при Министерството за образование, кое е дел од Владата на државата со новата придавка. Плата земам од Министерството за финансии коешто е дел од Владата на државата со новата придавка“- вели во интервјуто Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе биде лажливец ако тој каже дека нема да биде премиер на Република Северна Македонија, но е дециден дека никој не може да му забрани да кажува дека е Македонец од Македонија, којшто зборува на македонски јазик.

Слични Објави